Германскиот производител на автомобили Audi е казнет 800 милиони евра поради тоа што произведувал и продавал возила со дизел, кои емитуваат штетни издувни гасови повеќе отколку што е дозволено.
Образложувајќи ја одлуката, јавниот обвинител во Минхен рекол дека Audi не ја изпочитувал законската обврска, туку продавал автомобили со мотори што не ги исполнувале прописните стандарди за емисии на штетни гасови, пренесе AP.
Тој прецизирал дека се работи за 4,9 милиони автомобили кои Audi ги продал во Европа, САД и на други континенти од 2004 година до денеска.
Во септември 2015 година „Фолксваген“, кој е дел од групата Audi, признал дека неговите експерти во околу 11 милиони автомобили го преправиле софтверот за да може на тестовите да прикажува дека нивото на штетни издувни гасови е во дозволените граници, иако бил значително зголемен.
Обвинителот навел дека заклучоците од случајот против компанијата нема да влијае на посебната истрага што се води против повеќе директори на Audi.