Историски споменик во Џорџија доби Гугл-очи. Некој сметал дека споменикот на американскиот генерал Натаниел Грин во Савана, Џорџија, треба да добие поинаков изглед. Па така, во четвртокот белиот мермерен обелиск од 50 стапки добил гугл-очи, коишто ` даваат комичен изглед на статуата, објави Си-ен-ен.
Градските власти велат дека овој потег воопшто не е за смеа.
,,Кој го стори тоа?! Некој ѝ ставил Гугл-очи на нашата историска статуа. Можеби изгледа смешно, но да им се наштети на нашите историски споменици и на јавниот имот не е воопшто смешно, всушност, тоа е криминал”, коментираат градските власти на Савана на фејсбук-страницата.
Who did this?! Someone placed googly eyes on our historic #NathanaelGreene statue in #JohnsonSquare. It may look funny…
Posted by City of Savannah Government on Четврток, 11 октомври 2018
Објавата на градот беше споделена повеќе од 29 000 пати и повеќе од 8 000 луѓе коментирале за овој настан.
Кетура Грин, портпаролката на полицискиот оддел во Савана, изјави дека властите биле предупредени за гугл-очите на споменикот откако локалните медиуми виделе слика на социјалните медиуми.
,,Очите беа брзо отстранети и не е предивикана штета на статуата”, вели Грин.
Полицајците напишале извештај за настанот и ќе се прегледуваат камерите поставени во близина, со цел да се види дали е снимено кој го сторил тоа.
Генералот Натаниел Грин е еден од најреномираните генерали на Револуционерна војна и талентиран воен стратег. Тој бил командант на Јужниот дел на Континенталната армија и направил стратегија со која Британците биле спречени да го окупираат Југот.
Тој починал во близина на Савана на 19 јуни 1786 година. Споменикот на Грин во Савана бил подигнат во 1953 година. Неговите остатоци се погребани под споменикот.
Поврзани артикли