Познатиот светски интернет пребарувач Google вложи приговор на рекордната казна на Европската комисија во износ од 4,3 милијарди евра поради кршењето на правилата во пазарниот натпревар со оперативниот систем Андроид за смартфони и таблети.
Google жалбата му ја предал Европскиот суд за правда во вторник, еден ден пред истекувањето на рокот. Освен рекордната казна, Европската комисија исто така му наложи на Google да го промени моделот на работење во врска со Андроид.
Google, според оцената на ЕК, ја злоупотребува пазарната моќ за сопствена корист. На тој начин, тие бараат од произведувачите на уредите да ги инсталираат неговите апликации за пребарување и прегледување за да имаат пристап до Google Play Store.
“Google го користеше Андроид како инструмент за зацврстување на доминантниот статус на својот пребарувач“, изјавила за време на изрекувањето на казната, еврокомесарката за заштита на пазарна конкуренција, Маргарет Вестагер.
Од Google соопштија дека во случај да биде приморан да го промени бизнис моделот, Андроид можеби веќе нема да биде бесплатен софтер. Технолошкиот џин веќе најави дека ќе се жали на одлуката на ЕК, што би можело да значи и долготрајна судска битка.