Со потег кој изненади многумина, „Мајкрософт“ објави дека се приклучува во мрежата Open Innovation Network (ОИН), што всушност е конзорциум за слободен пристап до патенти, така што сите патенти на компанијата отсега ќе бидат бесплатно достапни.
„Мајкрософт“ ќе прикачи скоро 600.000 патенти на платформата ОИН и на тој начин значително ќе ја прошири постоечката база на 1.300 глобални патенти.
Во изминатите неколку години, технолошкиот гигант од Редмонд заработи околу 4,3 милијарди американски долари врз одснова на своите „андроид“ патенти.
Тоа доведе до низа конфликти со корисниците на „андроид“, но се чини дека „Мајкрософт“ сака истите да ги направи минато.
Главната мисија на ОИН е да се сочува „Линукс“ од патентни тужби со помош на членови како „Гугл“, „РедХет“, „Ај-би-ем“, а сега и „Мајкрософт“.
Патентната библиотека на „Мајкрософт“ вклучува технологии како што се LF energy и HyperLedger.
Сепак, патентите како што се Windows desktop и кодот за десктоп апликации нема да бидат дел од овој договор.
Поврзани артикли