За прв пат астрофизичарите најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата беше предводена од тим од Caltech (Калифорнискиот институт за технологија), а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи македонката др. Тања Петрушевска. Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено во престижното списание Science на 12 октомври. [линк до Science]
Во најголема мера, ѕвездите се изградени од наједноставниот елемент, водород, и светат поради термонуклеарната фузија која што се одвива во нивното јадро. Кога станува збор за ѕвездите и нивната судбина, се се сведува на нивната маса. Нашето Сонце е прилично досадна ѕвезда со помала маса, којашто ќе згасне за околу 5 милјарди години. Sвездите пак кои имаат 8 пати поголема маса од Сонцето, со текот на времето стануваат доволно топли за да извршат фузија на многу потешки елементи. Кога ќе се потроши нуклеарното гориво во нивното јадро, тие колабираат во супернова, при што се формира неутронска ѕвезда или црна дупка. Неутронските ѕвезди и црните дупки се неверојатно многу стиснати од нивните гравитациски сили, па затоа тие се наречени и компактни објекти.
Постои една класа на експлозии на супернови која што е резултат на колабирање на масивни ѕвезди кои изгубиле дел или целата надворешена обвивка на водород и хелиум. Поради тоа тие се наречени ултра-лишени супернови. Како ја губат надворешната обвивка овие ѕвезди? Тоа може да биде предизвикано од силен ѕвезден ветер или од друга ѕвезда во непосредна близина. Се смета дека повеќето масивни ѕвезди се родени во бинарни системи.
Кога две ѕвезди се наоѓаат многу блиску, материјалот од едната може да прејде кон другата ѕвезда. Кога масивна ѕвезда има компактен објект за придружник, таа може да изгуби толку многу материја, што комплетно ќе ги тргне нејзините надворешни слоеви, оставајќи ја со голо метално јадро. Ако ова јадро е доволно масивно, ќе колабира во слаба експлозија на супернова и при тоа ќе исфрли малку материја. После ова екплозија остануваат две неутронски ѕвезди кои орбитираат блиску една до друга.
Откритието и следењето на суперновата iPTF14gqr
Што може да очекуваме во иднина?
Поврзани артикли