Триесет години користеле метеорит вреден 100 илјади долари како држач за врата

Професорка по геологија при Универзитетот во Мичиген открила дека еден камен тежок десетина килограми, кој повеќе од 30 години бил користен како држач за врата, всушност е метеорит чија вредност достигнува и до 100 илјади долари.

“Ова е највредниот пример кој некогаш сум го имала во рака, парично и научно“, рекла професката Монализа Сирбеску, нагласувајќи дека од почетокот знаела оти се работи за “посебен камен“.

Таа додала дека често има случаи во кои луѓето носат камења на проценка во нејзиниот оддел, но дека ретки се оние случаи кога предметите не се “обични камења“.

Сопственикот на метеоритот, кој решил да остане анонимен, на професорката и рекол дека метеоритот го добил во 1988 година, кога купил фарма во Едморо, Мичиген. Поранешниот сопственик му опишал како бил сведок на пад на метеорит на неговата фарма во раните 30ти години од минатиот век, пишува Huffington Post.