Шампони, регенератори, средства за отстранување шминка, мицеларна вода и многу други козметички производи имаат знак што го покажува нивниот рок на траење од моментот кога тие се отворени.
Знакот изгледа како отворена кутија во која се наоѓа број што покажува колку месеци по отворањето производот е безбеден за употреба.
Оваа ознака се наоѓа на задната страна на сите козметички производи, без разлика дали тие се шампони, спрејови, балсами за уста или кремови за лице и сенки за очи… И покрај тоа што треба да дава една од најважните информации за тоа што го купуваме, информации за периодот на важност, оваа ознака ја изгуби својата поента.
Секој од нас, кога влегува во парфимерија во потрага по совршен производ, ја отвора и ја мириса содржината на голем број шишенца. Веднаш штом ќе го отвориме шампонот за да видиме како мириса, 12-те месеци почнуваат да истекуваат, што значи дека оној што го купува не е и првиот што ќе го отвори.