LG официјално ги објави финансиските резултати за последниот квартал, кој заврши на 30 септември, кои се причина за задоволство на инвеститорите.
Резултатите покажуваат дека LG оствари приходи од 13,64 милијарди долари, што е околу 200 милиони повеќе од претходната година, што е највисока сума во историјата на компанијата. Профитот за кварталот изнесува 660 милиони долари, што претставува зголемување од 205 милиони долари, објави Android Headlines.
Деталните информации за финансиските параметри на секоја дивизија на корејскиот производител за овој период ќе бидат доставени до акционерите и аналитичарите до крајот на месецот. Медиумите наведуваат дека смартфон бизнисот на LG се уште не е толку профитабилен како и другите дивизии на компанијата. Новата мобилна индустриска стратегија на Ел Џи се очекувада почне да дава резултати следната година.
Сепак, резултатите се доста позитивни и покажуваат колку се успешни другите LG оддели. Главниот приоритет на компанијата ќе биде да ги надмине конкурентите со премиерата на еден од првите смартфони, кои поддржуваат 5G мрежи. Корејскиот бренд веќе инвестираше сериозни средства во развојот на уреди со флексибилни дисплеи. Премиерата на нивниот прв таков уред најверојатно нема да се случи пред 2020 година.
Поврзани артикли