Цената на паметниот телефон не ја сочинуваат само деловите и нивното склопување
Извршниот директор на Apple, Тим Кук изјави дека погледнал многу анализи за iPhone и цени за сите компоненти кои доаѓаат со него, но дека ништо не може ни да дојде блиску до вистинската цена за смислување, развивање и склопување на еден iPhone.
Сепак, дури и да претпоставиме 30 проценти поголеми цени над 390 долари вредните компоненти на iPhone XS Max и цената за негово составување, на Apple и понатаму му останува прилично голема маргина за профит за секој продаден уред.
Од друга страна, Apple е многу дисциплинирана компанија која не скока на секој новитет што Android произведувачите го вметнуваат во својот телефон.
Компанијата од Купертино внимателно го избира она што е во нивните телефони и чека да созрее некоја нова технологија и да се покаже сигурна пред да заврши во iPhone.
Сепак, дури ни Apple не е имун на лудото темпо во мобилната индустрија која ги присилува сите произведители во своите смартфони да ставаат сè повеќе и повеќе нови технологии за да останат компетитивни.
Единствениот TrueDepth камера комплет, што се употребува за FaceID во најновите iPhone уреди и OLED дисплејот се само некои од примерите за гореизнесеното тврдење. Од друга страна, Samsung има речиси комплетен монопол.
OLED панелите можат да ги подигнат цените и за 300% во споредба со времето кога Apple имаше само LCD модели.
Сето ова само дополнително ги зголеми цените на материјалот и производството, а добар дел од овие цифри се префрлени на купувачите.
Секако, ова не се однесува само на Apple, туку и на сите останати производители кои во својата понуда имаат премиум телефони кои чинат повеќе од 800 евра.
Едно е сигурно, како нашите апетити за новите технологии и можности ќе растат, така ќе се зголемуваат и цените на смартфоните.
ИЗВОР: Telegraf.rs