Светските метрополи како Лос Анџелес, Њујорк, Лондон, Мадрид и Париз имаат проблеми со високите температури, а сега се појави можно решение во вид на иновативна фарба.
Одредени градови пробаа на различни начини да се борат против топлоната, Мадрид воведе ден без автомобили, Њујорк ги фарба врвовите на зградите во бел, но високите температури и натаму се присутни. Меѓутоа, сега тимот научници од Универзитетот Колумбија смета дека пронашле ново решение во форма на иновативна фарба.
Се работи за супстанца која функционира како фарба, но всушност е полимерски слој кој ја рефлектира сончевата светлина и ја емитува топлината во атмосферата. Полимерот би требало да помогне во ладење на зградата, но и околните подрачја.
Обичната бела боја е евтина, лесно се користи и може да ја одбива светлината, но и таа ја апсорбира топлинската енергија, поради шти полимерот е подобро решение.
Втората опција е дизајнирањето на згради со подобар проток на воздух, нанесување на материјал на прозорците кој ја одбива топлината и производството на поефикасните клима-уреди.