Од социјалната мрежа Facebook соопштија дека хакерскиот напад во кој беа погоди повеќе од 50 милиони кориснички сметки е голем чекор „назад“ за компанијата во период кога се работи токму за враќање на довербата кај корисниците во врска со начинот на кој се постапува со нивните податоци.
Од компанијата посочија дека забележале дека била хакирана опцијата „log-in“ за речиси 50 милиони корисници, а социјалната мрежа Facebook, пак, како предуслов за некој вид на сигурност испратил барања до дополнителни речиси 40 милиони корисници за повторно да се регистрираат.
Од компанијата соопштија дека по овој немил настан тие работат на зајакнување на безбедноста на корисниците.