Над Земјата летаат повеќе од 2.000 сателити кои не се користат, па поради тоа возможни се судири, предупредуваат научниците.
Моментално во орбитата постојат 4.000 сателити, од кои 1.800 се функционални, што значи дека над нашите глави летаат 2.200 сателити кои не се користат.
Исто така, постојат многу компании кои постојано ја зголемуваат оваа бројка.
„Поради бројот на вселенски летала вклучени во големата констелација, компаниите мораат да посветат внимание на одредени подрачја, со цел да се обезбеди тие да не ја загадуваат околината на Земјата со остатоците во орбитата“, изјави експерт за остатоци во орбитата од НАСА, Џеј Лиоу.
Научниците нагласуваат дека прашањето за судири помеѓу сателитите над Земјата е исклучително важно, доколку се планираат повеќе мисии во пониската Земјина орбита.
Кога некој сателит ќе ја заврши својата мисија, тој треба да се врати на земјата, меѓутоа и понатаму гледаме дека имаме огромен број на сателити кои не се користат, а се уште се во орбитата.
Извор: B92.net
Поврзани артикли