Големиот јубилеј – 20 години од основањето на компанијата, Google одлучи да го прослави на носталгичен начин.
Компанијата се сеќава на времињата кога Сергеј Брин и Лери Пејџ во мала гаража во местото Менло Парк ја создадоа првата верзија на Google и ја основаа компанијата која 2 децении подоцна ќе прерасне во најголемиот и најмоќен технолошки-интернет гигант на светот.
Сите кои што сакаат да видат како сето тоа изгледало во 1998. година, можат едноставно да „прошетаат“ низ гаражата благодарение на Google Street View.
Така ќе ги видите старите компјутери со оригиналното лого на Google, најразлични работи како и во секоја друга гаража, но и натписот „Светското седиште на Google“.
Извор: Zimo.hr