Новото истражување покажало дека Земјата сè повеќе се ниша додека се врти околу својата оска, а научниците од НАСА сметаат дека човештвото е делумно виновно за ова.
Експертите веруваат дека топењето на поларниот лед и забрзаното согорување на фосилните горива играат важна улога во исфрлање на Земјата од својата рамнотежа.
Научниците од Лабораторијата за реактивен погон во Пасадена, Калифорнија идентификувале три главни фактори кои влијаат на ротацијата на планетата. Претходно се сметало дека за благото поместување е исклучиво одговорен процесот познат како “глацијално подигнување”.
Меѓутоа, овој процес е премногу бавен за тој да биде исклучиво одговорен. Новата студија идентификувала уште два фактори за оваа промена кои играат еднаква улога во влијанието на Земјината ротација.
Првиот од нив е т.н. “конвекција на наметката”. Овој процес го управува движењето на тектонските плочи на површината на планетата, а НАСА сега верува дека влијае и на нејзиното “нишање”. Другиот фактор е топењето на ледот, особено на Гренланд, кој се смета за 33 отсто од ефектите на нишањето. Тој процес се забрзува со вештачкото односно човечкото загревање на околината.
Извор: Kurir.rs