Зад кулисите што ги гледаат корисниците, односно филтрите, инфлуенсерите, последните неколку месеци нешто се случуваше во компанијата, а кулминираше со заминувањето на коосновачите Кевин Систром и Мајк Кригер.
Приказната за Instagram на сите ни е веќе добро позната – Марк Цукерберг се покажа како визионер кој за „мали“ пари (станува збор за милијарда долари) ја купи компанијата со само еден производ и 13 вработени, која дотогаш воопшто не заработуваше.
Во моментов Instagram е една од најпопуларните социјални мрежи со повеќе од милијарда корисници. Според аналитичарите, ако Instagram не е во рамките на Facebook, би вредела над 30 милијарди долари, ако не и повеќе.
Зад кулисите што ги гледаат корисниците, односно филтрите, инфлуенсерите, последните неколку месеци нешто се случуваше компанијата, а кулминираше со заминувањето на коосновачите Кевин Систром и Мајк Кригер. Тие порачаа дека е време за ново поглавје во нивните животи и насочување кон нови предизвици, но вистината е поинаква.
Од Facebook веќе некое време пристигнуваат сигнали дека нема да може да го задржи големиот пораст на бројот на корисници и приходите што ги реализира, па затоа мора да се бараат извори на заработка надвор од оваа социјална мрежа, поради што мора да се пронајдат ефективни начини за зголемување на заработката од другите два производи што имаат повеќе од милијарда корисници – Instagram и WhatsApp.
Зголемување на бројот на реклами на Instagram?
Како Instagram ќе продолжи без луѓето што управуваа со оваа социјална мрежа од првите напишани линии кодови, моментално е тешко да се заклучи, но Facebook за ова сценарио се подготвува со месеци, бидејќи несогласувањето меѓу лидерите не е нов проблем.
Може да се претпостави дека Цукерберг ќе го зголеми бројот на реклами, што е непријатна ситуација бидејќи рекламите сигурно ќе влијаат врз досегашното искуство во користење на мрежата.
Ако Instagram стане место пренатрупано со здодевни реклами, тоа ќе го уништи корисничкото искуство и луѓето ќе одат на други места. Секако, прво треба да се види насоката кон која Цукерберг заедно со тимот ќе го води Instagram, а ќе биде интересно да се следи и WhatsApp, кој има речиси 1,5 милијарда корисници и за кој Facebook, исто така, се обидува да пронајде најдобар начин за максимизирање на профитот од овие корисници, односно нивните податоци.