Во април, Xiaomi објави специјален гејмерски смартфон Black Shark, и се чини дека компанијата работи на наследник. Нов модел се појави на веб-страницата на кинескиот регулатор TENAA, чиј код на производ укажува на уред кој ќе го наследи Black Shark.
За жал, TENAA не објави премногу детали околу телефонот. Во моментов е познато дека неговата батерија има капацитет од 4000 mAh и екранот има дијагонала од 5,99 инчи.
Овие параметри се идентични со оригиналниот Black Shark, но размерите објавени od TENAA сугерираат дека новиот модел ќе биде малку повисок и малку подебел од неговиот претходник. Сликите покажуваат дека главните насоки во визијата се зачувани.
Специјализираното копче SHARK исто така е достапно. Според експертите, новиот модел не е наследник на Black Shark, но е негова поевтина верзија.
За жал, во моментов не постои ништо официјално од Xiaomi, а TENAA објави премногу малку информации за да направи конечни заклучоци.