Amazon неодамна одржа конференција со презентација на своите нови производи, а меѓу 14-те најзначајни се новите Echo слушалки, паметните Echo Show звучници и новиот модел на микробранови, пишува порталот The Verge.
Со ова, Amazon го демонстрираше степенот до кој технологијата напредуваше откако во 2014 година го претстави својот прв гласовен помошник Alexa.
Она што е официјално е дека имаме куп нови Echo уреди, неколку нови апарати за домаќинство и паметен приклучок (штекер) од Amazon.
Новата надградба на Echo Plus ќе овозможи управување со паметниот дом дури и кога има пракин на Интернет. За ова да се реализира секако треба се да се префрли локално, што и е направено со уредот. Па дури и кога нема интернет корисникот може со гласовни команди да управува со уредите кои се поврзано со Echo Plus. Центарот за управување продилжува со цената 150 долари, иако покрај оваа надградба сега има и температурен сензор.
Amazon претстави и надградба на неколку уреди и неколку нови уреди како Echo Dot, Echo Input, Echo Plus, Echo Sub, Echo Show, Alexa Guard, Echo Wall Clock.