Apple деновиве го доврши преземањето на Shazam. За преземање на апликацијата и тимот на Shazam, Apple издвои 400 милиони долари. Процесот не беше довршен сѐ досега, бидејќи се чекаше на службено одобрување на регулаторот на Европската Унија.
Одобрувањето конечно стигна месецов, па сега Shazam и официјално е во рацете на Apple.
Голем број актуелни корисници на апликацијата се загрижени за иднината на самата платформа под водство на Apple. По тој повод од компанијата ги смирија корисниците објавувајќи податок како Shazam планираат да ја претворат во апликација без реклами, која ќе биде достапна како за iOS , така и за Android уредите.
Според Apple, апликацијата Shazam во цел свет е спуштена повеќе од милијарда пати и секој ден се употребува повеќе од 20 милиони пати.