Интервенцијата на човекот, низ вековите, ги повлече границите и ги обликуваше пејзажите. Тој го промени лицето на природата и ја трансформираше природата. Но и денес, после толку многу години, постојат места кои нивниот изглед, никогаш не го сменија. Тие места денеска се една од најпосакуваните туристички дестинации за вистинските авантуристи.
Shark Bay , во Западна Австралија , е едно од тие места каде можете да ја почувствувате вистинската приказна за планетата Земја. Нејзините острови и нејзината природа имаат пресек на некогашните времиња, со повеќето огромни пространства алги и некои структури кои се меѓу најстарите форми на животот на Земјата.
Во Индискиот Океан, во најјужниот дел на австралискиот континент, Shark Bay зафаќа површина од 2,2 милиони хектари , од кои 70% се составени од вода. Она што го праву ова место неверојатно се неговата природа, заедно со морските животни кои го прават еден од најбогатите во светот. Посета на областа е како да се враќате назад во времето, не пред 100 или 200 години, туку како да сте на Земјата пред милиони години. Структурата на хидролошкиот систем исто така, произведува слив каде морските води се хипер-солени (нивото на сол, тука е речиси двојно поголемо од она во “нормалната” морска вода), и придонесе за формирање на огромни плажи кои се состојат целосно од школки.
Поврзани артикли