Huawei Technologies, најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, ќе го објави својот прв 5G смартфон околу средината на следната година. 5G услугите ќе направат стримингот на видео и други содржини да биде речиси 40 пати побрзо од сега во споредба со 4G.
Менаџерскиот тим на Huawei верува дека до 2026 година, пазарот на 5G ќе достигне околу 131 милијарда долари.
5G несомнено ќе биде побезбедна технологија од 4G, велат производителите, па затоа и се брза во нејзина конкретна имплементација. Huawei веќе воведува технологија за заштита на податоците во своите 5G уреди. Компанијата склучила договори со повеќе од 50 деловни партнери од целиот свет, откако 5G стандардите беа ратификувани во јуни оваа година.