Солун ќе добие електрични такси возила во 2019. година

Такси компанијата „Таксивеј“ од Солун, во соработка со Институтот за одржлива мобилност и транспорт, планира во текот на 2019 година да почне да користи електрични такси возила.

Засега главен предизвик за воведувањето на електричен такси превоз во Солун е изградбата на постројки за брзо полнење на возилата, кои ќе мора да бидат наполнети најмалку еднаш во текот на денот.

Се очекува грчката Влада да ја финансира првата фаза од овој проект, а веќе во октомври Институтот ќе излезе со студија за тоа кои се најдобри локации за станиците за полнење.