Кинеската компанија Xiaomi наскоро би требало да го претстави моделот Redmi Note 6 Pro. Досега протечените информации сугерираат дека телефонот ќе има Snapdragon 660 чипсет, 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање.
Благодарение на протечените фоотографии на малопродажното пакување на уредот, откриени се повеќе детали за новиот модел на Xiaomi.
Xiaomi Redmi Note 6 Pro live photo confirms some specs https://t.co/hjVmgfajvR pic.twitter.com/ufa0YHn67I
— GSMArena.com (@gsmarena_com) September 17, 2018
Redmi Note 6 pro ќе има 6,26-инчен екран со засек на врвот, четири камери и голема батерија.
Дисплејот пристигнува во Full HD+ (2.280 X 1.080p) резолуција и со 19:9 однос на страници. Системот на камери на задната страна се состои од два сензора од 12 MP и 20 MP, додека предните камери ќе ги сочинуваат 20MP + 2MP модули.
#Xiaomi – #RedmiNote6Pro – Retail ready Xiaomi REDMI NOTE 6 Pro image and box leaked with specs. https://t.co/5GDfIj65WK pic.twitter.com/TPyObXaZUc
— /LEAKS (@Slashleaks) September 17, 2018
Протечената фотографија потврдува 4GB RAM и 64 GB интерна меморија, но се очекуваат и верзии во комбинации 3GB/32GB и 6GB/64GB. Батеријата ќе биде иста на сите модели и ќе има капацитет од 4.000mAh.
Засега се уште нема информации за датумот на премиерата на уредот, како ни за достапните бои и цени на Xiaomi Redmi Note 6 Pro.
Xiaomi Redmi Note 6 Pro’s Specifications Leaked In Photos https://t.co/UpEnzgyREx pic.twitter.com/elahOId3WL
— TechToday360 (@TechToday360) September 17, 2018