Во пештера во близина на Хаифа во Израел, археолози откриле локалитет за кој се смета дека е најстаро место за производство на алкохол, од пред 13.000 години. Според информациите, се работи за пиварница.
„Ова е најран доказ за производство на алкохол за кој знаеме“ рекол Дани Надел, еден од археолозите од универзитетот во Хаифа, објави „Дејли мејл“.