Создавањето на вселенската воена единица, таканаречена Space Force, е еден од главните приоритети на администрацијата на Трамп. Но, Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана (DARPA) почна со еден сиосема поинаков проект кој го смета за исклучителна важност во следниот период. Станува збор за развој на нов тип на технологија за спасување човечки животи од опасности во подземните простори.
Во Пентагон се повеќе се загрижени за непредвидливите инциденти во подземните простори, бидејќи војниците и единиците за прва помош ќе се соочат со опасности инспирирани од научната фантастика.
DARPA започна да гради заеднички тимови кои ќе се натпреваруваат во период од три години. Т.н. „Subterranean Challenge“, е натпревар кој има за цел да реализира нови системи за брзо мапирање, како и идентификација на подземни простори, со цел да им помогне на војниците во мисии во тајни задачи, па се до движење под земја во услови на урбана војна и прва помош во итни ситуации.