Нискотарифниот авиопревозник СпајсЏет, успешно го заврши првиот тест лет во Индија со погон на млазно биогориво. Летот од индискиот град Дехрадун до престолнината Њу Делхи, траел 45 минути, а бил изведен со авионот Bombardier K400.
Според соопштението од компанијата, авионот користел горивна смеса од 75% гориво за гасни турбини (ATF) и 25% биогориво, добиено од билката јатрофа. Ова биогориво е развиено од страна на Индискиот институт за нафта (IIP). Предностите од користењето на биогоривото се намалување на емисијата на јаглерод диоксид и зголемување на ефикасноста.
Поврзани артикли