Милијардерот Џек Ма, кој е основач и сопственик на една од најголемите компании на светот, Alibaba, најави дека веќе од понеделник ќе ја напушти раководната функција на компанијата и ќе замине во пензија.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, Џек Ма одлучил да оди во пензија. Отсега па натаму, првиот човек на кинескиот онлајн гигант планира да се посвети на филантропија и образование.
Џек Ма ќе си замине од компанијата Alibaba на посебен датум, на неговиот 54-ти роденден. Тој ја основа Alibaba кога имаше 35 години и за неполни 20 години ја направи една од најголемите компании во светот, додека тој самиот стана најбогатиот Кинез во светот.
„Решив да работам во образованието, бидејќи мислам дека таму ќе постигнам многу повеќе отколку ако останам директор на Alibaba“, рече Џек Ма.
Alibaba е една од врвните компании во Кина и светот, како и една од најважните онлајн продажни платформи во светот.
Поврзани артикли