Повеќе од десет продавници на „Лидл” ќе ги отворат портите за потрошувачите во октомври.
Иако оваа компанија не сака да го одреди точниот датум на отворањето, според „Новости” првите клиенти ќе можат да пазаруваат во еден од најпознатите светски маркети следниот месец.
Извор, кој инсистираше на анонимност, пишуваат „Новости”, вели дека „Лидл“ веќе нарачал голем контингент на стоки од домашни производители, чии марки ќе бидат на неговите полици. Имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе почне производството на стоки за „Лидл”, со пократок рок на траење, јасно е дека отворањето ќе се случи во октомври.
Ова конечно ќе стави крај на приказната за доаѓањето на овој синџир во Србија, кој одамна ги изгради своите продажни објекти во многу градови низ Србија.
Поврзани артикли