Google е екстремно строг кога станува збор за ширење на спам, лажни вести или несоодветни реклами на Интернет. Компанијата има специјални алгоритми за откривање и блокирање слични содржини во својот пребарувач. Фактот дека Гугл поседува една од најголемите рекламни платформи на Интернет е причината зошто се повеќе и повеќе луѓе се обидуваат да дистрибуираат несоодветни реклами на сајтовите што ги посетуваме секој ден.
Технолошкиот гигант веќе тестира нови филтри за да спречи таква содржина, и покрај овие напори, ова и понатаму е голем проблем. Alphabet, матичната компанија на Google, сега откри интересни детали за овој релативно нов феномен. Информациите во нивниот извештај покажуваат дека во текот на календарската 2017 година, алгоритмите на Google отстранувале во просек по 100 несоодветни реклами во секунда, известува Android Headlines.
Бројката е толку голема затоа што многу често за таа цел се користат огромни ботнет мрежи кои за кратко време испраќаат множествo пораки до корисниците. Постои тенденција Apple да стане претпочитана цел за дистрибуирање на такви содржини. Токму поради ова е потребно сите водечки компании заедно да откријат најефикасен начин да се справат со овој несомнено голем проблем. Прописите на ЕУ, исто така, ги стимулираат сите такви иницијативи на Google, Apple и Facebook.
Поврзани артикли