Новите докази покажуваат дека античките земјоделски практики доведоа до пораст на атмосферските емисии на гасовите за задржување на топлината, јаглерод диоксид и метан, што претставува континуирано зголемување, за разлика од трендот во било кое друго време во геолошката историја на Земјата.
Пред неколку илјади години, античките земјоделци расчистиле земја за да засадат пченица, пченка и компири, поплавиле полиња за да растат ориз, започнале да одгледуваат добиток и не знаејќи фундаментално ја промениле климата на Земјата, пишува Science Daily.
Студијата објавена во списанието Scientific Reports дава нови докази околу тоа како античките земјоделски практики довеле до пораст на атмосферските емисии на гасовите за задржување на топлина, јаглерод диоксид и метан – пораст што оттогаш продолжил низ годините.
Студијата исто така покажува дека без ова човечко влијание, до почетокот на Индустриската револуција, планетата најверојатно би се движела кон ново ледена доба.
“Ако не беше раното земјоделство, климата на Земјата денес ќе беше значително поладна“, вели водечкиот автор на студијата, Стивен Ваурус, научник од Универзитетот во Висконсин-Медисон Центарот за климатски истражувања во Нелсон институтот за еколошки студии. “Древните корени на земјоделството создадоа доволно јаглерод диоксид и метан за да влијаат врз животната средина“, потенцира тој.
Поврзани артикли