Европската комисија му одобри на Apple да го купи Shazam

Европската комисија му дозволи на Apple да ја купи мобилната апликација за препознавање музика Shazam. Двете компании го потпишаа договорот пред декември, но во април ЕК започна проверка, поради стравувањата дека информациите на Shazam ќе му дадат премногу голема предност на Apple.

Проверката почна по молбите од музичките и технолошки компании од Австрија, Франција, Исланд, Италија, Норвешка, Шпанија и Шведска. Европската комисија може да запира спојувања или да побара отстапки во случај тие да се во можност да наштетат на конкуренцијата во ЕУ. Таа е вклучувала проверка на кориснички податоци со кои располага Shazam, а целта била да се утврди дали таа нема да ги зголеми можностите на Apple да ги нуди своите услуги подобро, за да привлекува нови клиенти

„По внимателна анализа на потрошувачките и музички податоци на Shazam утврдивме дека нивното стекнување од Apple нема да ја намали конкуренцијата на дигиталниот пазар на стриминг услуги, рече комесарот за конкуренција Маргрете Вестагер, цитирана од ДПА.