Instagram подготвува премиера на нова мобилна апликација, чија цел е да се олесни купувањето на интернет од мобилните уреди. Тест верзијата го носи името IG Shopping и ќе им овозможи на корисниците брзо и лесно да изберат стока од различни колекции. Сите производи се во согласност со нашата активност на Instagram и се создадени од модни компании и производители кои ги сакаме и следиме на својот профил. Предноста на IG Shopping е дека ќе овозможи купување директно од мобилната апликација.
Според официјалните податоци, над 25 милиони претставници на бизнисот регистрирале свои сметки во Instagram каде ги промовираат своите стоки и производи. Приближно 2 милиони од нив се огласувачи, откако 80% од корисниците следат барем еден омилен бизнис во својот профил, пренесе „TheVerge“. Создавањето на одделна апликација која ќе ја олесни комуникацијата и ќе го подобри односот меѓу нив има потенцијал да стане солиден извор на приходи за Instagram. Идејата е сопствениците на паметни телефони да не користат конкурентни платформи за пазaрување.
Ова е само првиот чекор, бидејќи IG Shopping со текот на времето може да стане најпосакувана платформа за рекламирање на новите производи на трговците. Во моментов, повеќето деловни претставници веќе имаат сметки на Instagram, што само ќе го олесни спроведувањето на оваа идеја. Новата апликација сигурно ќе вклучува премиум претплата, која се плаќа од потрошувачите. Се уште не знаеме како ќе изгледа интерфејсот и кога можеме да ја очекуваме официјалната премиера на IG Shopping.