Honor продолжува да го проширува своето портфолио на паметни телефони, откако на премиерата во Кина ги претстави моделите Honor 8X и 8X Max.
Првиот уред се потпира на 8-јадрен чипсет HiSilicon Kirin 710, кој е дополнет од 4GB / 6GB RAM и 64GB / 128GB интерна меморија. Откриваме уште 6,5-инчен дисплеј со резолуција 2340×1080 пиксели, батерија со капацитет 3750 mAh и три слота за картички – два за SIM и трет за дополнителна меморија. Смартфонот има двојна основна камера од 20MP f / 1.8 и 2MP, а 16 мегапикселна камера со f / 2.0 е за селфи фотки.
За возврат, Honor 8X Max изненадува со 7.12-инчен екран со резолуција 2244×1080 пиксели, кој има мала исечена зона за предната камера – очекуваме ваков распоред и кај Mate 20. Смартфонот повторно обезбедува 4GB / 6GB RAM и 64GB / 128GB меморија за податоци, но батеријата има капацитет до 5000 mAh. Во однос на процесорот се достапни верзии со Snapdragon 636 и Snapdragon 660. Во однос на камерите, откриваме двојна со 16MP f / 2.0 и 2MP сензори и 8MP f / 2.0 за селфи. Вклучени се и стерео звучници.
Продажбата на двата модели во Кина започнува на 11. септември. Honor 8X ќе чини 1.399 јуани (176 евра) за верзијата со 4GB / 64GB меморија, 1.599 јуани (200 евра) за онаа со 6GB / 64GB меморија и 1.899 (240 евра) за варијантата со 6GB / 128GB меморија.
Цената на Honor 8X Max е 1.499 јуани (188 евра) за моделот со 4GB / 64GB меморија и 1.799 јуани (227 евра) за оваа со 4GB / 128GB меморија.
Варијантата со Snapdragon 660 ќе биде достапна во октомври, но во моментов не е јасно по која цена.