Според најновите податоци, Apple и понатаму доминира на пазарот на нови гаџети.
За неколку дена се очекува компанијата да ја претстави новата серија паметни часовници, а според најновите податоци Applw Watch е лидер на пазарот.
Наскоро приситгнува новата серија паметни часовници Apple Watch Series 4, а новите гаџети би требало да ја обезбедат лидерската позиција на екипата од Купертино за најпродавани гаџети. Во вториот квартал на 2018 година Apple може да се пофали со 4.7 милиони продадени единици.
Голем раст на пазарот бележи Xiaomi, кој е на второто место со 4.2 милиони продадени часовници, а на третото место е Fitbit со 2.7 милиони часовници.