Во потрагата да се најдат нови начини за искористување на сончевата енергија. истражувачите направија чекор напред откако успешно ја поделија водата во водород и кислород, преку менување на фотосинтетичката машинерија во растенијата.

Фотосинтезата е процесот што растенијата го користат за претворање на сончевата светлина во енергија. Кислородот се произведува како нус-производ на фотосинтезата кога водата што се апсорбира од растенијата е “поделена”.

Ова е една од најважните реакции на планетата бидејќи е извор на речиси целиот кислород во светот. Водород кој се произведува кога водата е поделена би можел потенцијално да биде зелен и неограничен извор на обновлива енергија.

Новата студија, предводена од академици од Универзитетот Сент Џон и Универзитетот во Кембриџ, користела полу-вештачка фотосинтеза за да ги истражи новите начини за производство и складирање на сончевата енергија.

Тие користеле природна сончева светлина за да ја претворат водата во водород и кислород, користејќи мешавина од биолошки компоненти и човечки технологии. Истражувањето се смета за револуција во производство на обновлива енергија, а овој метод исто така апсорбира повеќе сончева светлина од природната фотосинтеза.