Google Earth откри мистериозен град кој наѕира од снегот на Антарктикот, тврдат неколку онлајн извори.
Во снимка објавена од Blake and Brett Cousins можат да се забележат структури кои се поставени во формација – идентични и заедно се долги 2,000 метри.
За да биде уште почудно, неколку од објектите имаат црвено светло кое се наоѓа на нивните рабови.
„Дали се работи за некакви машини, или пак ова е нешто што Google Earth не сака да го видите?“ Blake прашува во YouTube видеото.
„Погледнете, може да се види дека има нешто црвено на рабовите. Дали ова е некој вид на влез во некоја подземна база.“
Brett потоа вели дека дефинитивно не станува збор за некој природен феномен.
„Се прашувам, дали би можеле да бидат огромни шатори покриени со снег – но мислам дека не. Се чини дека секое има своја пештера или тунел – кои можеби и се поврзани под снегот.“
Повеќе од 30,000 луѓе ја погледнале оваа снимка откако била објавена на 31 август.
„Црвената точка ме замислува. Исто како нешто да излегува од под снегот.“
„Дали би можело ова да е дел од некој стар мега град кој не бил покриен од мразот?
„Дефинитивно се работи за антички град,“ велат некои од коментарите.