Условите за живот на планети кои се целосно покриени со вода се полесни отколку што претходно се мислеше, со што се отвора можност дека планети кои се еден голем океан би можеле да бидат погодни за живеење, покажува новиот труд од Универзитетот во Чикаго и Државниот универзитет во Пенсилванија.
Научната заедница во голема мера претпоставуваше дека планетите кои всушност се еден голем длабок океан немаат услови за атмосферско движење на минерали и гасови кои одржуваат стабилна клима како онаа на Земјата, и на тој начин нема да бидат пријателски настроени кон животот.
Но, студијата објавена на 30 август во Астрофизичкиот весник откри дека океанските планетите може да останат во “слатката точка” за живеалиште многу подолго отколку што претходно се претпоставувало.
Авторите ја засноваат својата студија на повеќе од илјада симулации.