Samsung бара начини брзо да го прошири екосистемот на флексибилни телефони, откако на пазарот ќе ја пласира својот долго очекуван флексибилен телефон на почетокот од 2019 година. Еден од начините што ги разгледува Samsung е и да обезбеди флексибилни OLED панели за кинеските телефонски производители кои исто така планираат да претстават такви модели на мобилни телефони, меѓу нив се и Xiaomi и Oppo.
Samsung Display, според наводите, веќе создал примероци на потенцијалните делотворни панели за Oppo и Xiaomi во Кина. Екраните за флексибилните телефони се разликуваат од типични флексибилни OLED, кои Samsung ги поставува во Galaxy S или Note линијата. За својата најнова линија на свитливи телефони, флексибилните екрани мора да имаат интегрирана мрежа за струја за внесување на допир, а во Јужна Кореја постои само еден погон кој го произведува ова.
Самсунг е сигурен дека ќе претстави супериорен производ, кој веројатно ќе има повисока цена од моделите што ги подготвуваат Xiaomi, Oppo или Huawei, но е подготвен да им понуди на ривалите од своите ексклузивни панели, со цел брзо да се развие свеста на корисниците за постоењето на флексибилните телефони.
Аналитичарите предвидуваат дека Samsung следната година ќе испорача до еден милион прилагодливи панели за флексибилни телефони, односно 5 милиони до 2020 година.