Пентагон се уште нема проценето колку ќе чини “вселенската армија“ на американскиот претседaтел Доналд Трамп, за која е предвидено да биде шестата и посебна гранка на американската армија, посветена на спречувањето на евентуалните закани кои би можеле да се случат во вселената.
“Се уште ги немаме направено проценките и во моментов работиме на тоа. Веќе започнавме со процесот, но не сакам да дадам неточна бројка“, рекол американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис.
Тој додал дека САД не можат да дозволат никаков недостаток на внимание кога се работи за сајберпросторот и вселената како потенцијални полиња на кои би можело да има закани.
“Работевме со Конгресот и Белата куќа за да ги дефинираме новите закани со кои би можеле да се соочиме. Сега го имплементираме Националниот акт за одбрана, која го опфаќа и формирањето на вселенската армија“, порачал Матис.
Поврзани артикли