Инстаграм објави три нови безбедносни функции, по неодамнешниот скандал со хакирањето на кориснички профили.
Првата функција, About This Account ќе биде достапна на секој профил (кога ќе се притисне менито со три точки). Ова ќе му даде на корисникот информации за датумот кога е направен профилот, земјата на потекло, други профили со кои имате заеднички интереси, сите извршени промени на корисничкото име во последната година и сите реклами кои моментално се прикажани.
Сите овие опции би требало да им помогнат на корисниците да утврдат кои профили се од автентични личности, кои се лажни или ботови. Од септември, корисниците со голем број следбеници ќе можат да обработуваат информации од оваа секција, пред тие да бидат достапни во јавноста.
Покрај ова, воведена е и можноста да побарате вашиот кориснички профил да се верификува. За да го направите ова, потребно е да влезете во вашиот профил, да ја притиснете иконата од менито, да изберете Settings и потоа саканата опција. Ова, секако, не гарантира дека профилот ќе ви биде верификуван.
Исто така, корисниците ќе можат наскоро да користат надворешни апликации за верификација во два чекори кога се логираат на својот Instagram профил. Воведувањето на оваа функција веќе започна, а таа би требало да биде достапна за сите корисници во наредните недели.
Поврзани артикли