CD Project Red конечно објави 48-минутен Cyberpunk 2077 гејмплеј, прикажувајќи опции за создавање на ликови, борба и поширок поглед на системите и поставките во играта.
Cyberpunk 2077 е RPG FPS, чие дејство се случува во отворен свет без екран со вчитување. Демото прикажува голем број детални NPC и графички можности кои далеку ги надминуваат оние што го нуди The Witcher 3. Светот во играта може да се истражува пеш или со помош на возила.
Од демото може да се забележи “прогрес во работата” меѓутоа тоа “не претставува конечен поглед на производот”, а ова е забележливо од неколку LOD и графички проблеми. Меѓутоа, тоа сигурно ќе биде средено до официјалното објавување на играта.