Во јужниот дел на Мексико е откриена античка маска на која е прикажан крал на Маите од 7-от век.
Маската била пронајдена во познатиот антички град Паленке во мексиканската држава Чиапас, при што археолозите го откриле артефактот во архитектонски комплекс во Паленке познат како Ел Паласио.
Археолозите велат дека скулптурата го симболизира владетелот на Маите од 7-миот век, наречен Кхинич Јанаб Пакал, попознат како “Пакал Велики”.
Додека точното потекло на штуко маската не е познато, експертите ја истакнаа природната големина и стилот. Артефактот, најверојатно бил дел од некои архитектонски декорации.
Други антички предмети пронајдени на ова место вклучуваат фигура која наликува на речен рак и чаша со кринови и рибни мотиви.
Заштитени од УНЕСКО, урнатините на Паленке продолжуваат да нудат свежи погледи на исчезнатата цивилизација на Маите. “Паленке беше на врвот помеѓу 500 и 700 година”, објаснува УНЕСКО, на својата веб-страница. “Елеганцијата и занаетчиството на градбите, како и леснотијата на извајаните релјефи со митолошки теми на Маите, го потврдуваат креативниот гениј на оваа цивилизација”.
Во 2016 година, археолозите во Паленке откриле подземен воден тунел изграден под Храмот на натписите, во кој се наоѓа гробот на Пакал.
Претходно оваа година археолозите користеа софистицирана технологија за откривање на изгубени градови и илјадници древни структури длабоко во џунглата на Гватемала, потврдувајќи дека цивилизацијата на Маите била многу поголема отколку што претходно се мислеше.
Од нивната колевка, она што сега е Гватемала, империјата на Маите го достигнала врвот на својата моќ во од шестиот век, според History.com, иако повеќето од цивилизациските градови биле напуштени околу 900 година.