Nvidia планираше оваа година на пазарот да претстави големи дисплеи, односно Big Format Gaming Display-и (BFGD) од 65 инчи со 120Hz, G-Sync, 4K и HDR поддршка – но сега ги одложи планови за следната година.
Првите Nvidia BFGD дисплеи се веќе прикажани – Asus се подготвува да ја објави ROG Swift верзијата, а другите партнери како на пример Acer, исто така подготвуваат свои модели.
За време на Gamescom, Nvidia истакна неколку детали кои се однесуваат на најавите за BFGD, потврдувајќи дека првите модели нема да се испорачаат во текот на 2018. Моменталната рамка за испорака е првото тромесечие на 2019, но ова би можело да биде и променето.
Поврзани артикли