После две години патувајќи низ вселената, леталото Осајрис-Рекс му се доближи на астероидот Бену и ги направи првите фотографии од вселенската карпа, која за 100 години најверојатно ќе се судри со Земјата.
Астероидот кој што е 500 метри широк беше откриен во 1999 и веднаш беше прогласен за опасен.
Според астрономите, доколку некоја надворешна сила не му ја промени моменталната патека, овој астероид поголем од Емпајер Стејт Билдинг има голема шанса да удри во Земјата на почетокот на 22 век.
Осајрис-Рекс леталото во наредните пет години ќе направи детална мапа од површината на астероидот, ќе ја измери неговата гравитација и ќе собере прашина од неговата површина, која подоцна ќе ја врати на Земјата.
Податоците кои што научниците ќе ги добијат од оваа мисија се очекува да разјаснат детали околу составот на астероидот, со надеж дека во иднина ќе тие ни помогнат за пронаоѓање на начин како да го спречиме овој удар.
Удар од астероид со оваа големина не би бил катострофален за планетата, но доколку удри на копно би направил кратер од 5 километри, уништувајќи се во радиус од 50 километри.
Ако удри во вода, цунамито што ќе го предизвика се очекува да биде далеку покатастрофално, имајќи предвид дека бреговите на сите континенти се густо населени.