Aibo, новиот модел на куче робот на Sony, беше претставено кон крајот на минатата година, а досега беше достапно само во Јапонија. Сега, по цена од 2.899 долари може да го добиете ова куче робот, односно тоа да стане вашиот нов домашен миленик.
Aibo ги демонстрира можностите на постоечките технологии, особено на оние што се однесуваат на сензорите и препознавањето, веќе присутни во телевизорите, камерите и PlayStation-от.
Кучето робот ги користи овие технологии за подобро да ја разбере својата околина и памти со помош на вештачката интелигенција. Може да запамти до стотина лица и врз основа на повратните информации и интеракцијата, тоа открива различни односи. Доколку го погалите по грбот, вратот или носот, тоа ќе го запамти тоа и во иднина подобро ќе реагира на вас.
Sony првиот робот Aibo го претстави уште во 1999 година, а до 2006, кога проектот беше напуштен, јапонскиот производител понуди уште пет изданија, а вкупно беа продадени преку 150 илјади примероци.
Поврзани артикли