Дигиталниот асистент Siri наскоро ќе може да препознае со кого разговара. Apple го разви патентот USPTO (United States Patent and Trademark Office), кој детално го опишува системот на профилирање на корисниците при обработката на гласовните пораки.
Според податоците од новиот патент, Siri ќе може да зачувува повеќекратни кориснички профили и да препознава со кого разговара. Така, врз основа на гласот ќе може да има посебни кориснички профили, што ќе го олесни пребарувањето на податоците на паметните телефони.
Новите способности на Siri ќе ја зголемат и приватноста на корисниците, со тоа што тие ќе можат да ги зачуваат своите пораки без опасност тие да бидат прочитани од некој друг.