Во лето, кога одморите на плажа се во полн ек, сите сакаат да ја направат совршената фотографија за на Instagram. Но, за да го направите тоа треба да сте сигурни дека вашиот телефон работи правилно.
Мобилните телефони можат да ви бидат одличен сопатник на годишните одмори – ќе ви помогнат околу навигацијата, кој ресторан да го изберете и ќе ја направат онаа совршена фотографија. Сепак, вашето расположение може да се урне ако телефонот престане да работи, па затоа имаме неколку совети за користење на телефонот во лето.
Прегревање
Можеби пребарувањето на интернет звучи како добра идеја, но вашиот телефон нема да ужива во топлото време колку вас. Напротив, неговите делови се многу чувствителни на топлина и затоа треба добро да ги заштитите. Осигурајте се дека телефонот не стои предолго на сонце, исклучете ги сите апликации, вклучете го режимот за зачувување на енергија и оставете го телефонот под сенка. Ако ова не помогне, исклучете го телефонот веднаш, во спротивно ќе ризикувате тој да се расипе.
Тешко читлив екран
Кога сонцето свети посилно од екранот, многу е веројатно дека нема да успеете да прочитате што пишува на екранот. Решението е многу едноставно: зголемете ја светлината на екранот. Некои телефони ја имаат опцијата автоматски да го направат тоа, но можете да го направите тоа и рачно.
Во услови на силна осветленост, единствено што можеме да видиме е сопствениот одраз во телефонот. Рефлексијата може да предизвика проблеми кај таблет уредите, лаптопите и телефоните, што не спречува да ги користиме овие уреди на силно светло надвор. Антирефлексивните фолии можат да се купат и прилагодат на екраните со различни големини и да понудат едноставно решние на овој проблем, барем додека трае летото. Потоа можете лесно да ги отстраните од екранот на својот смартфон.
Вода и песок
Ова веројатно и самите го знаете, но да потсетиме: не го чувајте телефонот во близина на вода или песок. Ако случајно тој падне во вода (или водата влезе во него), тогаш расклопете го на делови и оставете го во чинија полна со ориз да стои еден ден. Оризот ќе ја впие водата и ќе го исуши телефонот. Од друга страна, доколку се наполни со песок, исклучете го телефонот и со компресиран воздух пробајте да ги издувате парчињата песок. Пред да ви се случат овие работи, подобро е да си купите маска за телефонот.
Не го оставајте телефонот во автомобил
За да ги избегнат горенаведените инциденти, луѓето често ги оставаат нивните телефони во автомобилите кога одат на плажа. Тоа може да биде многу опасно за телефонот, бидејќи при температура од 30 степени, со секоја помината минута температурата во автомобилот се зголемува за еден степен и брзо може да достигне 60-70 степени. Токму таквите температури доведуваат до трајно оштетување на телефонот. Најдобро е да го понесете телефонот со вас во ранец или торбичка, или пак да го оставите дома.
Извор: Mondo.rs