Кај повеќеклеточните животни, ќелиите во организмот се жртвуваат себеси за поголемото добро. Најпрво машинеријата во ќелијата се уништува себеси, а потоа и самата ќелија исчезнува. Некои од ќелиите вака се програмирани да се уништат во нивниот развој, па така нашите прсти се одделуваат помеѓу себе додека сме во матката.
Научници во универзитетот Stanford вршеле истражување за брзината на смртта, а тоа го направиле благодарејќи на надгледувањето на вакви ќелии кои се уништуваат себеси. Нивниот заклучок е дека смртта се движи 2 милиметри на час. Според James Ferrell кој е професор на овој универзитет, тие користеле цитоплазма земена од јајца на жаба. Цитоплазмата била ставена во тефлонски цевки со должина од неколку милиметри, по што бил инициран „сигнал на смрт“. Со помош на флуорисцентна техника, научниците можеле да видат како ќелиите се самоуништувале.
Според Ferrell, идеално би било истражувањето да може да се врши врз вистински ќелии, но бидејќи тие се премали за да може да се воочи разликата помеѓу ваквиот бран за активација на смртта и случајна дифузија.
Начинот на извршувањето на самоуништувањето научниците ги потсетило на „мексикански бран“ на навивачите на стадионите, односно секоја ќелија „наредбата“ за самоуништување ја пренесува кон следната ќелија. Ова истражување може да придонесе кон идни медицински истражување со кои би сакале да најдеме начини како некои клетки кои умираат би направиле да продолжат да живеат (кај невродегенеративните болести) или живи клетки да умрат (како кај ракот).
Поврзани артикли