Мистеријата на обоените појаси на Јупитер е разрешена во студија за интеракцијата меѓу атмосферата и магнетните полиња, објавија австралиските научници.
Јупитер, најголемата планета во Сончевиот Систем, е гасовита и нема цврста површина како Земјата. Слично како и Земјините воздушни струи, кои се клучни за времето и климата, неколку силни воздушни струи се движат од запад кон исток во атмосферата на Јупитер и носат облаци од амонијак кои формираат обоени појаси со различни бои.
До неодамна имаше многу малку сознанија што се случува под облаците над Јупитер.
– Научниците долго време дебатираа колку длабоко воздушните струи досегаат под површината на Јупитер и другите гасовити џинови – вели Навид Константиноу од Австралискиот национален универзитет, кој учествувал во студијата.
Џефри Паркер, соработник во студијата од Американската национална лабораторија во Ливермор, истакна дека нивната теорија покажува дека воздушните струи се потиснати од силните магнетни полиња.
– Гасот во внатрешноста на Јупитер е магнетизиран и затоа сметаме дека нашата нова теорија објаснува зошто воздушните струи одат толку длабоко под површината на гасовитиот џин, но не одат подлабоко – вели Паркер.
Тој додава дека под атмосферата на Јупитер нема континенти и планини кои би го попречиле патот на воздушните струи.
Извор: Zimo.hr