Во текот на август секоја на небото е видлив метеорскиот дожд Персеиди, како резултат на разминувањето на Земјата и кометата Свифт Татл.
Оваа година метеорскиот спектакл започна на 14 јули и ќе трае до 24 август, но неговиот максимум, кога и ќе биде најдобро видлив од Земјата, ќе се случи во ноќта меѓу 12 и 13 август, односно утре и задутре.
Според американската Национална аеронаутичка и вселенска адинистрација (НАСА), метеорите можат да се појават каде било на неботи и може да делуваат различно во зависност од кој дел на Земјата се набљудуваат.
Во времето на својот максимум метеорскиот дожд Персеиди може да содржи меѓу 50 и сто метеори на час.