Стартап компанијата Sono Motors од Минхен ова лето ги спроведува последните тестови на системот за напојување за својот модел Sion, електрично возило чии погонски батерии се полнат во текот на возење преку соларни ќелии.
Иако Германија најверојатно нема да стигне до целта – еден милион електрични автомобили на своите улици до 2020 година, владата во Берлин во април објави дека е подготвена да ги поддржи компаниите кои произведуваат батерии за електрични возила, пренесува агенцијата Reuters.
Компанијата Sono Motors, основана во 2016 година, развива модел наречен Sion, кој е целосно електрично возило со соларни ќелии вградени во каросеријата.
SIon може да се напојува со соларна енергија, како и преку конвенционалните електрични приклучоци или други електрични автомобили.
Почетокот на неговото производство е планиран за втората половина од 2019 година во Германија, а компанијата веќе има околу 5.000 нарачки. Продажбата по цена од 16.000 евра ќе започне следната година.